Достапни линкови

logo-print

Шефот на МААЕ пристигна во Иран


Шефот на Агенцијата на ОН за нуклеарна енергија, Јукујо Амано, пристигнаа во Иран на средби со тамошното раководство во обид да се забрза истрагата за наводите дека Техеран во минатото работел на создавање на нуклеарно оружје.

Јукијо Амано се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, со неговиот заменик, како и со иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Амано се очекува да изврши притисок за долгоодложуваните разговори со иранските научници кои се поврзани со наводните експерименти, како и да разговараат за планираната инспекција на централата Парчин. Иран негира дека работеле на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG