Достапни линкови

Турција - ОН да се вклучат во решавање на бегалската криза


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу најави дека ќе побара од ОН да се вклучат во решавањето на проблемот со напливот на имигранти од Блискиот Исток кон Европа.

„Ќе направам се што е во моја моќ проблемот да се најде на дневниот ред на Генералното собрание на ОН и да се понудат предлози за негово решавање“, изјави Давутоглу во разговорите со претставници на сириските бегалци во Турција.

Бегалците, кои од пред пет дена почнаа да пристигнуваат во пограничниот реон на Турција кон Грција, со цел како што велат „да заминат во Европа“, побараа Давутоглу да отиде на средба со нив во Едрене, но наместо тоа турскиот премиер вчера прими делегација на имигрантите во Анкара.

XS
SM
MD
LG