Достапни линкови

logo-print

Грците гласаат на предвремени парламентарни избори


Околу десет милиони Грци денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, втори за оваа година, јави дописникот на МИА од Атина. Основното прашање во земјата, која од 2009 година четири пати организира парламентарни избори и смени шест влади, е дали победникот ќе успее да се задржи подолго од претходната Влада на Сириза, чија власт траеше само седум месеци.

Денешните избори се организираат поради тоа што поранешниот премиер Алексис Ципрас го загуби парламентарното мнозинство по бурни несогласувања во неговата партија околу содржината на последниот договор со меѓународните кредитори на земјата.

На изборите учествуваат 14 политички партии и пет коалиции кои ќе натпреваруваат за 300 пратенички места. Речиси сите анкети покажаа дека ниту една од партиите нема да го добие неопходниот број гласови за да владее самостојно, што значи дека и следната влада ќе биде коалициска.

Гласањето во Грција е задолжително. Изборните места се отворени од 7 часот наутро и ќе затворат во 19 часот. Првите резултати од гласањето се очекуваат во 21 часот.

XS
SM
MD
LG