Достапни линкови

logo-print

Русија отвора воздухопловна воена база во Белорусија


Рускиот претседател Владимир Путин го поддржа отворањето на воздухопловна база во Белорусија, последен во серијата чекори на Москва за ширење на руската воена моќ во странство. Путин денеска соопшти дека го прифатил владиниот предлог за потпишување договор за воздухопловна воена база и нареди претставници на министерствата за одбрана и за надворешни работи да почнат разговори за ова прашање со Белорусија. Не се очекува планот да се соочи со големи пречки. Русија има борбени авиони во Белорусија, но според планот треба да се формира комплетна воена база таму, прва по распадот на Советскиот Сојуз. До овој чекор доаѓа во време на затегнати односи меѓу Русија и Западот поради руската вмешаност во граѓанската војна во Украина и распоредувањето руски војници и оружје во Сирија. Аналитичарите велат дека ова исто така може да сигнализира дека Кремљ сака да ја задржи непредвидливата Белорусија во руската орбита.

XS
SM
MD
LG