Достапни линкови

Кери - треба да се преговара за заминувањето на Асад


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да си оди, но тајмингот на неговото заминување мора да биде решен преку преговори. Во изјавата по разговорите со британскиот секретар за надворешни работи, Филип Хамонд во Лондон, Кери ја повика Русија и Иран да го искористат своето влијание за да го убеди Асад да се преговара.

Тој рече дека има итна потреба за обновување на напорите за изнаоѓање политичко решение за ставање крај на четиригодишната војна и влошувањето на бегалската криза во Сирија.

XS
SM
MD
LG