Достапни линкови

Илјадници мигранти влегле во Австрија од Унгарија


Илјадници мигранти кои со денови беа заглавени во југоисточна Европа почнаа да пристигнуваат во Австрија, откако унгарските власти ги придружувале до границата.

Австриската полицијата денеска соопшти дека 6.700 луѓе пристигнале од Унгарија, од полноќ. Илјадници мигранти беа заробени во југоисточна Европа, во некои случаи и по неколку дена, откако одделни земји подигнаа бариери или ги блокираа нивните граници.

Патот на мигранти за прв пат беше блокиран од страна на Унгарија, која ја опколи јужната граница со Србија, а потоа и границата со Хрватска со ограда од жица, за да ги задржи луѓето надвор. Тоа предизвика масовен прилив на повеќе од 15.000 луѓе во текот на три дена во Хрватска, која не можеше да се справи со тоа, па со полициска придружба ги испраќаше луѓето на границата со Унгарија. Како одговор, Унгарија транспортира мигрантите до границата со Австрија со автобус и воз. Во меѓувреме, Словенија ги блокираше своите граници и синоќа употреби солзавец за справување со мигрантите.

XS
SM
MD
LG