Достапни линкови

Водата во училиштето „11 Октомври“ е исправна


Водата во училиштето „11 Октомври“ во општина Центар е хемиски и бактериолошки исправна за пиење. Ова го покажале резултатите од испитувањето на шест мостри од водата од шест различни места во училиштето, кои биле испратени во Центарот за санитарна контрола и надзор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Резултатите од испитувањето на водата денеска пред Центарот за санитарна контрола и надзор ги соопшти Благоја Филиповски, портпарол на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Со ова, посочи тој, се демантираат шпекулациите дека водата била причина за труењето во училиштето.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека дел од земените мостри се од одделот каде што биле пријавени најмногу ученици дека биле затруени.

XS
SM
MD
LG