Достапни линкови

Пакистан се справува со милитантите


Пакистанската армија изврши воздушни напади против цели на осомничени милитантни во близина на авганистанската граница, еден ден откако пакистанските талибанци убија 29 лица во напад на воздухопловната база. Пакистанските официјални лица изјавија дека во денешниот напад загинале 16 осомничени милитанти во долината Тира, која се протега на границата со Авганистан и е главен пат за криумчарење меѓу двете земји.

Воена акција доаѓа еден ден откако талибански милитанти ја нападнаа воздушната база Бадабер, јужно од Пешавар, при што загинаа 29 лица, меѓу кои 16 луѓе кои се молеле во џамија во воениот комплекс.

XS
SM
MD
LG