Достапни линкови

Поплави во Иран, над 10 жртви


Над десет луѓе загинале во Иран, во поплавите предизвикани од обилните дождови, соопшти иранската државна телевизија. Во главниот град Техеран загинале шест луѓе, а во јужниот дел од земјата најмалку четворица. Најмалку осум лица, меѓу кои и пет членови на едно исто семејство во Техеран, се уште се водат за исчезнати. Во тек се спасувачки операции, а на терен се екипи кои расчистуваат по поплавите. Иран и во јули го зафатија поплави кога загинаа најмалку 11 лица. Властите сметаат дека честите поплави со смртни последици се резултат на уништувањето на шумите и несоодветната изградба во близина на речните корита.

XS
SM
MD
LG