Достапни линкови

logo-print

Хан - треба да се најде решeние за мигрантите


Еврокомесарот Јоханес Хан кој денеска го посети прифатниот камп за мигранти во Гевгелија рече дека е задоволен од начинот на кој Македонија се справува со мигрантската криза и вели дека е крајно време да се помогне во решавањето на ситуацијата.

„Како што веќе бев информиран на дневна база се примаат околу 6.000 бегалци, во просек. Мислам дека ова е предизвик за вашата земја, како и за другите земји, така што би било добро сите да изнајдат решение на ова прашање“, изјави Хан.

Тој денеска ја посети Гевглеија заедно со министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски и евроамбасадорот Аиво Орав.

Тим од Европската комисија заедно со експерти од Македонија од понеделник ќе ги проценуваат и утврдуваат потребите од опрема, човечки ресурси и финансиска помош што ќе им биде потребна на властите за справување со мигранстката криза на јужната граница.

XS
SM
MD
LG