Достапни линкови

Нова бегалска трагедија крај грчкиот остров Лезбос


Едно петгодишно девојче е пронајдено удавено во нова бегалска трагедија, а 13 лица се спасени при операција на грчката крајбрежна стража крај брегот на островот Лезбос, јавуваат грчките медиуми. Грчките власти трагаат по уште 12 мигранти, за кои се смета дека се исчезнати. Пред грчките пристанишни власти, мигрантите изјавиле дека во чамецот со кој патувале, имало 26 лица.

Неуспехот на Европа да се справи со бегалскиот бран е симптом за подлабока криза на континентот, што ги заборавил основните вредности, изјави синоќа Алексис Ципрас на предизборен митинг во Атина.

Ако обединета Европа само ги почитува правилата на дисциплина и остава секоја земја сама да се справи со една голема криза, тоа не е Европа за која сонувале нејзините основачи, ниту може да има иднина, истакна Ципрас.

XS
SM
MD
LG