Достапни линкови

Егзекутирани над 56 сиријски војници


Најмалку 56 сиријски војници се убиени во масовна егзекуција од страна на исламистички бунтовници во окупирана воздухопловна база, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, група која го следи сирискиот конфликт.

Групата, повикувајќи се на извори на терен, денеска соопшти дека масовнoто убиство во воздухопловната база Абу ал-Духир се случило пред неколку дена.

Воената база која се наоѓа во провинцијата Идлиб беше окупирана на 9 септември. Од Сириската опсерваторијава велат дека убиствата ги потврдиле неколку сведоци на терен и преку фотографии кои стигнале до нив на кои се гледа извршувањето на убиствата.

XS
SM
MD
LG