Достапни линкови

logo-print

Еврокомесарот Хан во посета на мигрантите во Гевгелија


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој престојува во посета во Македонија денеска во Гевгелија ќе го посети Прифатниот центар за мигранти. Заедно со него најавено е дека ќе присуствуваат и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски.

Во однос на бегалската криза еврокомесарот Хан вчера порача дека ЕУ ќе и помогне на Македонија во справување со овој проблем за да таа не стане жртва на оваа состојба, која што е резултат на состојбите на Блискиот исток. ЕУ мора да си ја заврши својата работа, а тоа не го стори досега, рече Хан и најави дека следната недела ЕК, а потоа и на престојниот Совет на ЕУ ќе се донесе заеднички документ за европска солидарност.

Поради зголемениот обем на мигранти, Македонија го продолжи рокот за постоење кризна состојба на јужната граница до 15 јуни 2016 година. За оваа одлука вчера во македонското Собрание гласаа вкупно 82 пратеника.

XS
SM
MD
LG