Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза - сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има појава на мала локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер и со максимална температура до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во понеделник ќе има и значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.

XS
SM
MD
LG