Достапни линкови

logo-print

Прво договорот од Пржино, па откочување на евроинтеграциите


Најпрвин мора да спроведе договореното од Пржино па потоа да се преземе следниот чекор во насока на евроинтеграциите, рече еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Изборите мора да се одржат до крајот на април во склад со меѓународните стандарди, а политичките партии до 6 октомври најдоцна да се договорат за нов изборен законик, а воедно да се продолжи со спроведување на реформите и договорот од Пржино, порача еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан по денешната посета на земјава.

Почетокот на пристапните преговори со Македонија е можен и неопходен и треба конечно да се случи како што повеќе години наназад предлага Европската комисија до Европскиот совет. Треба да се дозволи пристапните преговори да течат паралелно со разговорите за наметнатиот спор за името со нашиот јужен сосед со кого сме одлучни партнерски односи во рамките на ЕУ и на НАТО.

Тој за време на заедничката прес-конференција со премиерот Никола Груевски во Министерството за финансии по пристапниот дијалог на високо ниво рече и дека европските аспирации на Македонија сè уште се живи и сите мерки се преземени за да се одржи нејзината европската перспектива.

„Сигурен сум дека европското семејство ја извлекло својата поука. Ако земјата не добие европска перспектива, тогаш настанува проблематичен период и проблематични ситуации, а тоа не сакаме да го видиме. Сосема спротивно, сакаме вашата земја да ја видиме како вреден и ценет нов член на европското семејство“, рече тој.

Она што јас можам да го ветам и да ве уверам сите е дека ќе направиме сè за да ги убедиме земјите-членки да ги елиминираат нивните резерви во однос на почетокот на преговорите. Ова не може да се направи за неколку месеци, се работи за еден процес, меѓутоа сега барем има едно заедничко разбирање меѓу сите земји-членки дека најдобриот придонес кон развојот на една земја во ЕУ, којашто сè уште не е земја-членка на ЕУ, е да се започне со преговори за членство. Тука влогот на ЕУ е најголем и тоа мора да се искористи и да се цени.

Хан порача дека останува уште многу да се работи и да се види каков ќе биде извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ. Од особено значење, според него, е и проблемот со бранот на бегалци и земјите на балканската рута се жртва на состојбите на Блискиот Исток, при што ЕУ мора да си ја заврши својата работа, што досега не го направила.

Груевски рече дека постигнатиот договор за политичката криза и неговата имплементација треба да се искористи како можност и катализатор за паралелно рестартирање на евроинтегративниот процес на Македонија и оти ќе се продолжи со спроведување на клучните реформи.

„Почетокот на пристапните преговори со Македонија е можен и неопходен и треба конечно да се случи како што повеќе години наназад предлага Европската комисија до Европскиот совет. Треба да се дозволи пристапните преговори да течат паралелно со разговорите за наметнатиот спор за името со нашиот јужен сосед со кого сме одлучни партнерски односи во рамките на ЕУ и на НАТО“, рече Груевски.

Хан на тоа одговори дека најпрвин мора да спроведе договореното од Пржино па потоа да се преземе следниот чекор.

„Она што јас можам да го ветам и да ве уверам сите е дека ќе направиме сè за да ги убедиме земјите-членки да ги елиминираат нивните резерви во однос на почетокот на преговорите. Ова не може да се направи за неколку месеци, се работи за еден процес, меѓутоа сега барем има едно заедничко разбирање меѓу сите земји-членки дека најдобриот придонес кон развојот на една земја во ЕУ, којашто сè уште не е земја-членка на ЕУ, е да се започне со преговори за членство. Тука влогот на ЕУ е најголем и тоа мора да се искористи и да се цени“, вели тој.

Хан денеска во ЕУ Инфо центарот оствари и средби со лидерите на СДСМ, ДПА и ДУИ, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети. По средбата, Заев рече дека разговарале за досега постигнатите резултати од преговарачкиот процес.

„Драго ми е што ЕУ наметнува конкретни термини за реализација на договореното за коишто се разговараше, а ќе бидат конечно утврдени по сите средби со сите учесници во преговорите. За нас е добредојдено колку може порано тоа да го завршиме, бидејќи имплементацијата ќе има поквалитетна завршница“, рече Заев.

Тачи вели дека една од темите за кои се разговарало е изборната регулатива и порача дека треба да се почитува договореното.

„Сега сите треба да се фокусираме на Изборниот закон затоа што нè гази времето. Се договоривме 6 октомври да биде крајниот датум за завршување на преговорите“, рече Тачи.

Ахмети нагласи дека разговарале за сите прашања, особено за имплементацијата на договорот од Пржино, кој според него треба целосно да се спроведе.

„Но, наша проценка е дека ова е само почеток, но не и крај на имплементацијата на овој договор“, вели Ахмети.

Хан беше присутен и на работата на Националниот совет за евроинтеграции од каде пратениците од него побараа Македонија да добие датум за преговори за влез во ЕУ. Хан утре ќе го посети и дивиот премин на македонско-грчката граница за на лице место да ја види ситуацијата со мигрантите и порача дека ЕУ ќе обезбеди дополнителна помош за земјата за справување со проблемот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG