Достапни линкови

Русија и САД разговараа за борбата против ИД


Шефовите за одбрана на Русија и САД денеска разговараа, за прв пат по повеќе од една година, за конфликтот во Сирија и за изгледите за можната координација во борбата против групата на Исламската држава. Пентагон соопшти дека телефонскиот разговор меѓу секретарот за безбедност на САД, Еш Кртер и рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу, траеле околу 50 минути. Поради руската анексија на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, шефовите за одбрана не разговарале директно од август 2014 година. Денеска државниот секретар на САД, Џон Кери рече дека претседателот Барак Обама верува оти разговорите меѓу армиите се важен следен чекор. Кери изјави дека во фокусот на САД е уништувањето на групата на Исламската држава и за политичко решавање на граѓанската војна во Сирија.

XS
SM
MD
LG