Достапни линкови

logo-print

Стотици мигранти на унгарската граница


Унгарски полицајци и војници се распоредени од унгарска страна на границата со Хрватска, кај селото Беременд, откако хрватски автобуси таму донесоа стотици имигранти, објавија западни медиуми кои се наоѓале на местото на настанот. Конвојот од над 10 автобуси се движел кон хрватскиот град Осијек, кога неочекувано тргнал кон унгарската граница. По првичниот застој, унгарската полиција сепак почна да ги качува приситгнатите бегалци во автобуси, иако засега не е познато во кој правец ќе се упатат. Покрај полицијата, на граничниот премин се распоредни и унгарски војници и две возила со монтирани митралези на нив.

XS
SM
MD
LG