Достапни линкови

Кремљ: 2400 руски државјани се борат за ИД


Рускиот заменик директор на Федералната безбедност, Сергеј Смирнов изјави дека околу 2400 руски државјани се борат за групата на Исламската држава и дека тоа го прават вкупно 3000 жители од Централна Азија. Смирнов рече дека ќе се зголеми проблемот со бегалците кои од Блискиот Исток патуваат кон Европа, истакнувајќи дека тоа претставува голема закана за Русија. „Тврдењето дека поддршката на Москава негативно влијае на ситуацијата во Сирија и на протокот на бегалците, едноставно не е вистина. Ова се должи на проширувањето на групата на Исламската Држава во регионот.“ Смирнов рече дека некои земји се обидуваат да ја избегнат меѓународната соработка против тероризмот. „Постои соработка, но не на соодветното ниво, особено со САД.“

XS
SM
MD
LG