Достапни линкови

logo-print

Кремљ ќе ја разгледа можноста за праќање трупи во Сирија


Портпаролот на Кремљ соопшти дека Русија ќе ја разгледа можноста да прати трупи во Сирија, доколку Дамаск тоа го побара. Портпаролот Дмитриј Песков рече дека ако добијат такво барање тоа ќе биде дискутирано, но инсистираше дека во оваа фаза прашањето е чисто хипотетичко. Вчера Русија го повика САД и неговите сојузници да ја ангажираат сириската влада како партнер во борбата против групата на Исламската држава, поради загриженоста за руското присуство во земјата. Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Моалем ги негираше извештаите дека руски трупи се борат во Сирија, но рече дека ако е потребно земјата нема да се колеба да побара помош од Русија.

XS
SM
MD
LG