Достапни линкови

Десетици загинати во напад на Талибанците во Пакистан


Пакистанската армија соопшти дека пакистанските Талибанци убиле 16 луѓе во џамија, за време на напад врз воена база во близина на северозападниот град Пешавар. Напаѓачите влегле во џамијата во воениот комплекс каде верниците присуствувале на молитва. По нападот следувала жестока престрелка со војниците во базата и освен споменатите жртви, убиени се и три лица од воздухопловните сили, како и капетан на армијата, велат властите. Исто така 13 напаѓачи се убиени во престрелката. Пакистанските Талибанци ја презедоа одговорноста за нападот, но не е јасно колку милитанти биле вклучени во нападот и колку избегале. Кратко по нападот, наводно американски дрон погодил куќа во племенскиот регион Јужен Вазиристан, убивајќи најмалку тројца милитанти, а пет биле повредени.

XS
SM
MD
LG