Достапни линкови

logo-print

Комплексот изборни закони и прочистувањето на избирачкиот список ќе бидат наредната тема за која власта и опозицијата тешко ќе дојдат до решение.

По прескокнувањето на сериозната препрека околу законот и изборот на специјалната јавна обвинителка, пред работната група која треба да го реализира договорот од Пржино се изборните измени. Токму тие, според професор Љубомир Фрчкоски, се очекува да бидат следен најголем проблем. Во интервјуто за Радио Слободна Европа, тој вели дека комплексот на изборни закони и чистење на избирачкиот список во кои МВР треба да има значајна улога, а не само ДИК, ќе бидат прашања тешки за договорање.

Со тоа што МВР не е во нивни раце и што овие реформи во изборниот закон се прават, така што може да се очекуваат дека 150 илјади гласа, при сегашните односи на сили, власта нема да може да ги украде де факто, нема да може да ги има, што значи ќе се создаде објективно друга ситуација.

„Тоа е основа, ако го имате МВР, како што го имаат досега да ги крадат изборите најчесто со гласање на мртви, фалсификат на лични карти, давање на лични карти на луѓето од Пустец, она сè што го правеа досега, значи сетот, тоа сега тие нема да го имаат. Со тоа што МВР не е во нивни раце и што овие реформи во изборниот закон се прават, така што може да се очекуваат дека 150 илјади гласа, при сегашните односи на сили, власта нема да може да ги украде де факто, нема да може да ги има, што значи ќе се создаде објективно друга ситуација“, вели Фрчкоски.

Според него, во врска со изборното законодавство требало да се донесат и други клучни политички одлуки, односно Македонија да биде една изборна единица и пропорционалниот изборен модел и околу тоа, како што вели, ќе се кршеле копјата, бидејќи овие одлуки ќе имале политички изборни последици.

Најголемите проблеми ќе се појават во односот на јасните процедури и надлежности во врска со тоа кој треба да го прочисти избирачкиот список.

Дека изборните промени ќе бидат проблематично прашање за работните групи исто како и специјалното јавно обвинителство се согласува и аналитичарот Башким Бакиу од Институтот за истражување политики и добро владеење.

„Најголемите проблеми ќе се појават во односот на јасните процедури и надлежности во врска со тоа кој треба да го прочисти избирачкиот список. Претпоставувам дека позицијата на опозицијата е тоа да биде надлежност на ДИК, додека власта ќе инсистира на институциите. Во таа насока мислам дека е и проширување на моќта на самите институции, односно на Државната изборна комисија која ќе се бара да добие поголеми надлежности во самиот процес на избори“, вели Бакиу.

Инаку, Фрчкоски во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела вели и дека е добро што се затвори прашањето за специјалното јавно обвинителство, додавајќи дека и посакува среќа и и дава поддршка на обвинителката.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG