Достапни линкови

Унгарија ја оградува границата со Хрватска


Унгарија во текот на ноќта започна да гради ограда на границата со Хрватска за да го спречи бранот мигранти и бегалци да влегуваат на нејзина територија. Премиерот Виктор Орбан изјави дека веќе имало стотици војници распоредени и на тој дел од унгарската граница во должина од 40 километри. „Ние мора да ги имплементираме истите мерки како и на границата со Србија“, изјави тој.

XS
SM
MD
LG