Достапни линкови

logo-print

САД ќе разговараат со Русија за борбата против ИД


Соединетите држави соопштија дека ќе отворат „тактички и практични“ разговори со Русија за соработка во воени акции против милитантите на Исламската држава во Сирија. Сепак, како што соопшти портпаролот на Белата куќа Џош Ернст, Вашингтон и натаму инсистира Русија да не се обидува да ја поддржува владата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Русија распоредува голема воена сила во западниот дел на Сирија, вклучувајќи и тенкови од типот Т90, тешка артилерија и ракетни системи.

XS
SM
MD
LG