Достапни линкови

logo-print

Хрватска ги затвори граничните премини кон Србија


Хрватска затвори седум од осумте премини на границата со Србија на неодредено време поради големиот прилив мигранти и бегалци, соопшти хрватското министерство за внатрешни работи. Исто така, Хрватска ја стави во состојба на готовност војската откако над 11 илјади мигранти влегоа во земјата во изминативе два дена. Тие почнаа да пристигнуваат во Хрватска откако Унгарија ја затвори границата со Србија, со што беше пресечена главна рута за нивен влез во Европската унија во која само годинава дојдоа над 200 илјади бегалци, повеќето од нив од Блискиот Исток и Авганистан. Во меѓувреме Словенија која е следната земја на патот на мигрантите до Австрија и Германија соопшти дека го откажа железничкиот сообраќај со Хрватска.

XS
SM
MD
LG