Достапни линкови

Еврокомесарот Хан во Скопје


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Јоханес Хан денеска во Скопје ќе учествува на високиот политички дијалог меѓу Европската комисија и македонската влада. Пред доаѓањето тој го поздрави именувањето специјален обвинител во рокот предвиден со Договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Тој исто така соопшти дека Европската комисија решила да обезбеди финансиска помош за земјите од Западен Балкан во справувањето со бегалската криза. „Ние немаме интерес од дополнителна нестабилност. Политичкиот договор во Скопје гледаме дека се имплементира, а Србија прави добар прогрес на патот кон ЕУ и не смееме да ги ограничиме. Земјите од Западен Балкан не смее да станат паркинг или ничија земја за бегалците. Тоа би било геостратешка грешка“, изјави Хан.

XS
SM
MD
LG