Достапни линкови

Грција се подготвува за нов бран бегалци


Грчките власти денеска соопштија дека е можно големи бегалски групи од Сирија да се обидат да влезат во земјата преку копнената граница со Турција. "Од наша страна, ние се подготвуваме на можен нов бран од границата на Марица“, изјави портпаролот на преодната грчка Влада, Родолфос Моронис. Реката Марица ја дели Грција од Турција на крајниот североисточен дел, јужно до Бугарија. Копнената граница со Турција во должина од околу 13 километри се наоѓа на неколку километри од реката Марица.

XS
SM
MD
LG