Достапни линкови

logo-print

Понта: Јавниот обвинител е „непрофесионален“


Романскиот премиер Виктор Понта го критикуваше романскиот јавен обвинител кој официјално го обвини за корупција, вклучително и за фалсификат, перење на пари и затајување на данок. Понта рече дека обвинителот е „тотално непрофесионален“ и оти се обидува да унапреди својата кариера со измислување невистинити дела и ситуации од пред 10 години.“ Понта не спомна по ими ниту еден обвинител. Случајот предизвика повици Понта да поднесе оставка, но тој одбива тоа да го стори велејќи дека сака да остане на власт до парламентарните избори во декември 2016 година.

XS
SM
MD
LG