Достапни линкови

Порошенко ги отстрани новинарите на Би Би Си од листата на санкции


Украинскиот претседател Петро Порошенко нареди Советот за бебедност на земјата да ги отстрани тројцата новинари на Би Би Си од новата листа на санкции. Соопштението беше објавено на Твитер од страна на портпаролот на претседателот во кое Порошенко вели дека „слободата на печатот е апсолутна вредност за мене.“ Тројцата се меѓу десетиците новинари во листата на санкции потпишана од Порошенко, откако сепаратистите во источна Украина закажаа датум, за како што Киев ги нарекува „нелегалните избори.“

XS
SM
MD
LG