Достапни линкови

Романскиот премиер официјално обвинет за корупција


Романскиот премиер Виктор Понта официјално е обвинет за корупција, вклучително затајување на данок и перење пари. 42-годишниот Понта во август ги отфрлаше обвиненијата нарекувајќи ги „манипулација со јавното мислење.“ Поднесувањето на денешното обвинение значи дека обвинителите ја затвориле нивната истрага и ја пратиле до највиокиот суд во Романија. Понта , кој не даде веднаш коментар, одби да поднесе оставка велејќи дека сака да остане премиер до парламентарните избори во декември 2016 година.

XS
SM
MD
LG