Достапни линкови

Египќаните бараат поголеми права


Египќаните во Македонија бараат поголеми политички права, застапеност при вработувањата во јавниот сектор и промена на изборниот модел за да им се гарантира пратеничко место.

Состојбата со заедницата на Египќаните во Македонија останува статус кво и е на ниво од пред 2001 година, реагираат нивните претставници. Вахид Мемед, активист за човекови права и потпретседател на Сојузот на балкански Египќани, вели дека и покрај тоа што трендот на запишување на младите Египќани во високо образовните институции е зголемен, невработеноста е многу голема. Според него, во изминатите години околу 1000 млади Египќани заминале надвор од државата.

Во последно време младите Египќани бараат излез надвор од државата, затоа што државата не нуди некои квалитетни програми и проекти за нивно вработување после завршување на образованието.
Вахид Мемед, активист за човекови права и потпретседател на Сојузот на балкански Египќани.
Вахид Мемед, активист за човекови права и потпретседател на Сојузот на балкански Египќани.
Вахид Мемед, активист за човекови права и потпретседател на Сојузот на балкански Египќани.

„Во последно време младите Египќани бараат излез надвор од државата, затоа што државата не нуди некои квалитетни програми и проекти за нивно вработување после завршување на образованието. Вистински, тие програми кои се рекламираат дека се прават од страна на државата, треба да се реализираат и во интерес на помалите етнички заедници и вработување на младите во институциите во јавните претпријатија. Има длабоко разочарување кон државата. Имавме еден вработен во Општина Охрид, но тој замина во странство. Малку повеќе треба да имаат слух за вработување, не само партиска, туку онаа вистинска според квалитет и образование, вели Мемед.

Додека не се промени изборниот модел во Македонија, тешко дека ќе се слушне гласот на Египќаните.
Рубин Земон, експерт за малцински прашања.

Тој смета дека е неопходно политичарите веќе на наредните избори да вметнат загарантирани пратенички места и за помалите етнички заедници.

„Мислам на тие кои нема шанса да добијат пратеник. Мислам и на тие што не се спомнати, вклучително и на балканските Египќани. Државата треба да ни даде шанса да влеземе во парламентот и да започнеме да ги добиваме нашите права. Ние секогаш сме мета на политичките партии. Како категорија и како група сме многу интересни за време на изборите, но потоа нè забораваат и не нè перцепираат. Не е само ние да се гледаме како рамноправни луѓе за време на избори, треба да се гледаме и после тоа“, вели Мемед.

Рубин Земон, експерт за малцински прашања, вели дека практика во Македонија е сите граѓански права да ги уживаат само оние заедници кои се споменуваат во преамбулата на Уставот. И тој вели дека токму поради ова Египќаните се иселуваат од земјава во голем број.

„Што се однесува до политичките права, сметам дека сето тоа зависи од изборниот модел. За жал, откако се воведе овој изборен модел со шест изборни единици и кој се пресметува по донтовата формула, тој е уништувачки за помалите заедници и партии. Египќаните не успеаја да имаат претставник во парламентот. Додека не се промени изборниот модел во Македонија, тешко дека ќе се слушне гласот на Египќаните“, рече Земон.

Апелираат до креаторите на политиките во Македонија за поголема вклученост и интегрираност на Египќаните во Македонија.

XS
SM
MD
LG