Достапни линкови

Машиновозачите и натаму штрајкуваат, ангажирани пензионери


Железничкиот сообраќај во земјата е запрен бидејќи машиновозачите бараат исплата на заостанатите плати. На шините се само возовите кои превезуваат мигранти, а нив ги управуваат пензионирани машиновозачи.

Возовите на Македонски железници и натаму се стопирани. Повеќе од 80 отсто од машиновозачите девети ден по ред не одат на работа, а железничкиот сообраќај е речиси откажан. На шините се само два специјални воза на Македонски железници со кои се превезуваат мигрантите од Гевгелија до Табановце, вели претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија Душко Чакаровски.

Дваесет и шест воза стојат вкупно во државата. Товарниот сообраќај е во застој целосно. Возат 10 до 15 луѓе што значи дневно два до три воза со мигранти што превезуваат. Само тоа.

„Дваесет и шест воза стојат вкупно во државата. Товарниот сообраќај е во застој целосно. Возат 10 до 15 луѓе што значи дневно два до три воза со мигранти што превезуваат. Само тоа“, вели Чакаровски.

Тој истакна дека вработените нема да ги исполнуваат своите работни задачи сė додека не им биде во целост исплатена јулската плата и искажа револт што Македонски железници - Транспорт ангажирале заменски пензионирани машиновозачи бидејќи најголем дел од машиновозачите штрајкуваат.

„Најголем револт се постигна кога донесоа заменски работници, односно пензионери, кои јас мислам и дека не ги исполнуваат условите за да ги исполнуваат тие работни задачи. Ние леб бараме, а тие дошле да возат. Затоа уште поголем револт се создаде и 99 проценти од колегите се веќе овде“, вели Чакаровски.

Како и за сите законот да важи и за нашата компанија. Знаеме кој е сопственик на оваа компанија, државата односно владата, а не го почитува законот и не ја исплаќа платата во целост.

Претходните денови имаше информации во јавноста дека штрајкот на машиновозачите заврши и дека возовите повторно се вратиле на пругите откако бил постигнат договор меѓу синдикалците и раководството. Меѓутоа од Синдикатот велат дека преговорите не резултирале со исполнување на нивното барање за исплата на јулската плата во целост.

„Со директорот контакти имавме, но не може гаранции да ни даде. Вика до петок втората половина да ни биде исплатена, па не знам наредната недела да ни се исплати првата половина од платата за август. Значи како и досега што ни се исплаќаше пак сака така да продолжи. Бараме платата да ни се исплаќа во целост. Како и за сите законот да важи и за нашата компанија. Знаеме кој е сопственик на оваа компанија, државата односно владата, а не го почитува законот и не ја исплаќа платата во целост.“

Од невладините организации велат дека за мигрантите кои ја користат релацијата Гевгелија - Табановце би било подобро кога возовите би се вратиле на шините во целост, но дека сепак има добар проток бидејќи сега мигрантите имаат и друга можност за превоз, а тоа се автобусите и такси превозот.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG