Достапни линкови

Во Хрватска досега влегле над 5600 мигранти


Хрватската полиција соопшти дека досега во Хрватска влегле 5650 мигранти. Полицијата прецизира дека тие влегувале низ неколку гранични премини со Србија по што биле пренесувани во прифатни центри во околината на Загреб. Мигрантите ја сменија нивната балканска рута откако Унгарија ја затвори границата со Србија. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека бил шокиран од тоа што унгарската полиција употребила солзавец и водени топови за да ги растера мигрантите кои се обиделе да ја минат оградата на граничниот премин Хоргош.

XS
SM
MD
LG