Достапни линкови

Вучиќ: ЕУ треба да реагира


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ кој се наоѓа во посета на Вашингтон го осуди бруталното однесување на унгарската полиција кон бегалците на граничниот премин Хоргош и нападите врз новинари, повикувајќи ја ЕУ да реагира. Тој порача дека Србија ќе се однесува одговорно и ќе ги штити своите граѓани и територијата, додавајќи дека за в петок е закажана седница на Бирото за координација на безбедносните служби. Српските медиуми јавуваат дека премиерот Вучиќ имал средба со американскиот државен секретар Џон Кери кој му заблагодарил за исклучителните напори во решавањето на проблемот со големата мигрантска криза во Европа. Кери го пофалил и спроведувањето на бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина.

XS
SM
MD
LG