Достапни линкови

Хан: Да му помогнеме на Западен Балкан


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека не може да се дозволи земјите од Западен Балкан сами да се борат со бегалскиот бран, предупредувајќи на опасноста од појава на „невидливи железни завеси“ во Европа. Тој оцени дека земјите од Западен Балкан без своја вина се најдоа во тешка ситуација поради големиот број бегалци, кои пристигнуваат на нивна територија. „Сега имаме проблем на границата меѓу Србија и Унгарија, а утре можеби ќе имаме кога преку Хрватска ќе тргнат кон Словенија и Австрија“,рече тој, додавајќи дека не смее да се дозволи бегалците да се најдат заробени во земјите од регионот и се заложи итно да им се помогне во решавање на мигрантската криза. „Сакам да видам стабилизација и натамошен напредок, а не нови оптоварувања во регионот“, истакнува Хан.

XS
SM
MD
LG