Достапни линкови

logo-print

Унгарија ја затвора границата со Србија на 30 дена


Унгарија ги информирала српските власти дека ќе го затвори граничниот премин Роске-Хоргош во траење од 30 дена. Будимпешта бара Белград да дејствува против мигрантите, кои ги „нападнале“ унгарските полицајци на границата. „Група од многу агресивни мигранти постојано ја напаѓаат унгарската полиција со камења и бетонски парчиња. Нападот е извршен од српска територија. Затоа побарав од српските колеги да ги повикаат своите власти итно да интервенираат против оваа агресивна група мигранти“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Претходно, денеска унгарската полиција употреби солзавец против стотици мигранти, кои ја пробија оградата од бодликава жица поставена долж границата со Сирија, кои фрлале со пластични шишиња вода.

XS
SM
MD
LG