Достапни линкови

Различни датуми за локалните избори во Украина


Самопрогласениот лидер на украинскиот регион Доњецк, Александар Захарченко потпиша декрет со кој на 18 октомври ги закажа локалните избори. Терминот не се совпаѓа со закажаните датуми за изборите во другите делови на Украина. Украинските владини претставници во Киев посочија дека одржувањето на изборите на различни датуми од локалните избори во земјата, ќе значи прекршување на договорот од Минск. Гласањето за претставниците за другите органи на локалната самоуправа се закажани за 25 октомври.

XS
SM
MD
LG