Достапни линкови

logo-print

Турција ќе ги враќа мигрантите во камповите


Властите во Истанбул и во Едрене планираат за три дена да ги вратат стотиците мигранти кои ги окупураа автобуските станици во двата града, во обид да се придвижат кон границата со Грција или Бугарија и да стигнат до Европа. Се претпоставува дека властите во Истанбул може да применат сила доколку мигрантите на автобуската станица Есенлер не се вратат во камповите. Полицајци од специјалните сили за борба со нереди се распоредени на автобуската станица и во околните квартови. Оклопни возила со водени топови се распоредени и подготвени да интервенираат доколку е потребно. Властите прво ќе се обидат со разговор да ги убедат мигрантите да се вратат во камповите. Околу 500 лица, кои пристигнале во Истанбул се согласиле доброволно да се вратат. Според турските медиуми околу две илјади лица ја окупирале автобуската станица Есенлер во Истанбул. Најмалку илјада лица тргнале пеш од Истанбул за Едрене.

XS
SM
MD
LG