Достапни линкови

logo-print

Нов смртоносен напад на Талибанците во Кабул


Илустрација.

Илустрација.

Во напад на Талибанците со автомобил бомба во предградието на авганистанскиот главен град Кабул, загина најмалку еден полицаец. Авганистанската полиција денеска соопшти дека цел на нападот бил регионален владин комплекс, западно од Кабул. Има спротиставни извешаи за нападот. ДПА ја цитира авганистанската полиција дека еден полициаец е убиен во нападот, а десетици други се повредени, главно цивили. АФП ја цитира полицијата како вели дека четворица полициајци се убиени и оти 41 се повредени. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Насилството се рашири во Авганистан, откако владините сили започнаа офанзива во април. Според податоците на ОН, околу 1600 цивили се убиени и повеќе од 3300 се повредни во Авганистан во првата половина од 2015 година.

XS
SM
MD
LG