Достапни линкови

Паѓа вредноста на казахстанската валута


Вредноста на казахстанската национална валута тенги продолжува да паѓа достигнувајќи најниско ниво во однос на доларот. Просечната стапка во казахстанските банки денеска беше 300 тенги за еден долар. Многу менувачници во главниот град Астана не продаваат евра и долари, тврдејќи дека немаат доволно резерви. Девалвацијата на тенгите го разбранува регионот во Централна Азија, кој веќе се бори со ниските глобални цени на енергенсите и забавувањето во Кина и Русија.

XS
SM
MD
LG