Достапни линкови

Јанева: За еден месец ги преземаме предметите


Новоизбраниот специјален обвинител Катица Јанева даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители.

Новоизбраниот специјален обвинител Катица Јанева даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители.

Експертите сметаат дека прво треба да се состави тимот и укажуваат дека тоа треба да бидат искусни обвинители. Сам човек во ваква комплицирана и сериозна ситуација не може да излезе на крај.

Специјалниот обвинител Катица Јанева во првото појавување во јавноста при давањето свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители рече дека за еден месец ќе го формира тимот.

Денеска стоев овде пред Советот, сега и седам сама, но за еден месец ќе ме видите со мојот тим зад мене и тогаш ќе ги преземеме предметите за кои сме надлежни.

„Денеска нема да одговарам на новинарски прашања, туку сакам да му се заблагодарам на Советот за изборот, на политичките партии и меѓународниот фактор, како и на сите кои застанаа зад мене. Денеска стоев овде пред Советот, сега и седам сама, но за еден месец ќе ме видите со мојот тим зад мене и тогаш ќе ги преземеме предметите за кои сме надлежни“, изјави Јанева по давањето на свечената изјава пред Советот на обвинители.

Правните експерти укажуваат дека специјалниот јавен обвинител треба да почне веднаш со работа, со оглед дека законскиот рок во кој новото обвинителство може да покрене обвинение е краток.

Специјалниот обвинител треба во најскоро можно време да излезе со први свои согледувања и со први свои дејствија. Тоа значи и да излезе евентуално со некој обвинителен акт или ако смета дека во дадена ситуација нема такво нешто, тогаш да извести дека за тој дел нема место за гонење. Значи, кога велам веднаш, вистина мислам веднаш. Време нема воопшто.

Според поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николова, Законот кажува дека Јавниот обвинител може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка, во период не подолг од 18 месеци од денот на преземање на предметите и материјалите во негова надлежност, но тоа не значи дека до тогаш треба да се чека.

„Роковите во законот се дадени така да се дава крајниот рок, но според мене специјалниот обвинител треба во најскоро можно време да излезе со први свои согледувања и со први свои дејствија. Тоа значи и да излезе евентуално со некој обвинителен акт или ако смета дека во дадена ситуација нема такво нешто, тогаш да извести дека за тој дел нема место за гонење. Значи, кога велам веднаш, вистина мислам веднаш. Време нема воопшто“, вели Маргарита Цаца Николова.

Експертите сметаат дека прво треба да се состави тимот и укажуваат дека тоа треба да бидат искусни обвинители. Сам човек во ваква сериозно комплицирана и сериозна ситуација не може да излезе на крај, вели Николова и посочува дека потребни се луѓе со многу големо знаење и експертско познавање од одредените области во зависност од тоа што ќе почне како прво да се обработува, укажува Николова.

Експертите велат дека време нема воопшто и ако се има предвид дека за дел од истрагите ќе биде потребно повеќе време за обезбедување докази од аспект на тоа дали сите докази се достапни овде во државата.

„Лично сметам дека голем број на докази ќе треба надвор да се бараат, за тоа треба пари, средства и луѓе кои знаат надвор што да бараат. И организационо е нешто во што не смее да има проблем“, вели Маргарита Цаца Николовска.

Секако дека и државата ќе биде таа што преземените обврски преку законот ќе мора да ги извршува во смисла на овозможување простор, функционирање и средства. Во делот на организациската поставеност на работите, државата е таа која мора да обезбеди простор каде ќе работи обвинителот и технички детали од типот на компјутерски маса

„Во контекст на статусот кој го има и од аспект на институцијата треба да се обезбедат средства за кадри канцеларии итн. Тоа го прави државата преку министерството за правда итн. И треба да отпочне со работа согласно законот за кривична постапка и законот за јавно обвинителство и овој специјален закон“, вели поранешниот уставен судија Бајрам Положани.

Тоа не е проблем, но ако и тука се одолговлекува работата тоа е показател дека искрено не се сака обвинител кој ќе функционира, вели поранешниот уставен судија Бајрам Положани.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG