Достапни линкови

Србија очекува нов бран од 20.000 бегалци


Следните недели низ Србија се очекува да мине нов бран од околу 20.000 бегалци, соопшти денеска српскиот Црвен крст, откако првите бегалци од пограничниот град Шид влегоа во Хрватска, а тие од затворените унгарски премини се распрашуваат како да дојдат до таму. Како што пренесува агенцијата Фена, автобуси со бегалци денеска во раните утрински часови почнаа да пристигнуваат од Прешево, град на југот на Србија, во новоотворениот прифатен центар Принциповац, кај Шид. Неколку десетици бегалци, кои пристигнаа претходно, ја минаа хрватската граница одбегнувајќи ги официјалните гранични премини, јавуваат белградските електронски медиуми, повикувајќи се на извори од српската полиција. Низ Србија во моментов не минуваат голем број бегалци, но следните неколку недели може да се очекува нов бран од околу 20.000 до 23.000, изјави претставничка на Црвениот крст врз основа на информациите за нивното доаѓање во Грција.

XS
SM
MD
LG