Достапни линкови

Живеат до РЕК, а немаат струја


Сали Акифовски од Битола

Сали Акифовски од Битола

Домот на семејството Акифовски од Битола е на неколку километри до РЕК, а сепак живеат без струја. Во супстандардни услови битолчанецот Сали Акифовски ги одгледал своите шест деца, ги школувал на свеќа, а сега низ истата мака минуваат неговите внуци.

Инаку користиме свеќи. Сите деца така ги одгледавме, завршија средно училиште. За понатаму немавме пари да ги школуваме. Така останаа. На сто метри од тука струја има, само тука нешто имаме проблем.

„Тука сме населени од 1965 година. Од како сум роден до денес во нашиот дом не светнала струја. Осумчлено семејство сме. Само имам акумуларор за да светниме малку дури да легнеме. Инаку користиме свеќи. Сите деца така ги одгледавме, завршија средно училиште. За понатаму немавме пари да ги школуваме. Така останаа. На сто метри од тука струја има, само тука нешто имаме проблем“, раскажува Акифовски.

Тој додава дека за местото да се електрифицира од ЕВН му рекле дека заедно со соседите треба да платат за трансформатор и приклучоци, а се работи за сиромашни семејства кои одвај преживуваат. Парадоксот лежи во тоа што во домот немаат струја, телевизијата им е неостварена желба, а им стигнуваат сметки за радиодифузна такса. Од семејството работи само таткото, а поради заостанат долг за таксата досега неколку пати му била блокирана платата.

„Откако почна дигиталната телевизија, редовно сметки за радиодифузна такса ни стигнуваат. Два пати ми ја блокираа сметката, по 3700 денари платив за одблокирање и заостанат долг. Од УЈП ми рекоа дека секој е должен да ја плаќа таксата. Јас би плаќал немам ништо против, но да имам струја како секој еден што има“, вели Акифовски.

За Радио дифузна такса според законот, Владата по предлог на Советот определува кои корисници и подрачја што не се покриени со квалитетен сигнал нема да ја плаќаат. Меѓу нив засега не е семејството Акифовски. Покрај нив, во периферијата на Битола во 21 век се уште во мрак живеат 25 семејства. Некои од нив како во турско светат со газија.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG