Достапни линкови

Училишен бојкот во Струга оти нема струја


Основното училиште Браќа Миладиновци во Струга.

Основното училиште Браќа Миладиновци во Струга.

Од почетокот на учебната година во седум основни училишта во општината нема струја. Дел од родителите најавија дека учениците ќе ја бојкотираат наставата. Градоначалникот Села вели дека ќе го поддржи бојкотот на учениците.

Поради немање решение на проблемот со основните училишта во Струга, родителите на учениците кои учат во дел од училиштата во градот најавија дека ќе ја бојкотираат наставата во знак на револт на актуелната состојба. Од почетокот на учебната година во седум основни училишта во општината нема струја, поради неплатени сметки кон ЕВН Македонија. За сега никој не знае да каже дали и кога ќе светнат сијаличките во струшките училишта.

Четврток и петок првиот час ќе биде во знак на отпор и нема да се држи настава. Ако доколку до петок нема струја, тогаш наставата нема да се одржува во училиштето Браќа Миладиновци.

„Четврток и петок првиот час ќе биде во знак на отпор и нема да се држи настава. Ако доколку до петок нема струја, тогаш наставата нема да се одржува во училиштето Браќа Миладиновци. Исто како што на нас родителите ни е законска обврска да ги носиме децата на училиште, за државата законска обврска е да воспостави нормални услови за работа“, рече Димче Шипинкароски, потпретседател на Советот на родители во Основното училиште Браќа Миладиновци.

Родителите велат дека е срамота во 21 век нивните деца да се третираат на овој начин.

Градоначалникот на Струга Зијадин Села.

Градоначалникот на Струга Зијадин Села.

„И во други училишта има сличен проблем со неплатени фактури, а таму без проблем продолжува учебната година. Дали е ова само во Струга се случува што седум училишта се без струја“, вели еден родител.

Подготвени сме да го преземеме и овој долг за електрична енергија од два милиони денари. Се соочивме со одговор од ЕВН кој велат дека не може.

Градоначалникот Зијадин Села вели дека е подготвен општината да го преземе долгот на училиштата, но само ако ЕВН дозволи плаќање на рати.

„Општината го презеде плаќањето на долгот за електрична енергија направен од 2010 година па наваму од околу 6.300.000 денари, долг кој го направивме на рати и долг кој редовно се плаќа на рати. Во меѓувреме направен е и нов долг. Во 2012 година основните училишта за нафта трошеле 40 милиони денари, а 2013 година успеавме од 40 милиони денари да намалиме првата година на 9 милиони денари. Подготвени сме да го преземеме и овој долг за електрична енергија од два милиони денари. Се соочивме со одговор од ЕВН кој велат дека не може“, вели Села.

Села вели дека ќе го поддржи бојкотот на учениците, а за актуелната ситуација ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и, како што вели, сите оние кои играат дека се опозиција на власта. Од ЕВН, пак, велат дека од склучување на договорот до денеска ниту една од тековните сметки не била платена и оти биле подготвени за соработка.

XS
SM
MD
LG