Достапни линкови

САД: Русија да се приклучи на коалицијата против ИД


Џош Ернст

Џош Ернст

Белата куќа соопшти дека би сакала да види Русија да се ангажира во меѓународната коалиција која се бори против милитантите на Исламската држава во Сирија, а не да го зацврстува нејзиното воено присуство таму. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека претседателот Барак Обама не разговарал за ова прашање со претседателот Владимир Путин, но оти тоа би можело да се случи ако се утврди дека, како што рече,„ ќе биде во корист на нашите интереси“. Вчера Путин оцени дека е невозможно да се победи ИД без соработка со сириската влада и најави дека Русија и натаму воено ќе му помага на Дамаск.

XS
SM
MD
LG