Достапни линкови

Дринкман ја призна вината за најголемото хакирање во светот


Владимир Дринкман

Владимир Дринкман

Рускиот државјанин Владимир Дринкман во Федералниот суд во Њу Џерси ја призна вината за неговата улога во компјутерското хакерско крадење и продавање на броеви на 160 милиони кредитни и платежни карти. Оваа криминална активност била извршена од 2005 до 2012 година. Според обвинителството, станува збор за најголем случај на хакирање што судски се процесира во Соединетите држави. За овој случај се обвинети уште тројца руси и еден украинец. Дринкман може да биде осуден на 35 годни затвор.

XS
SM
MD
LG