Достапни линкови

logo-print

Во Сенатот повторно блокиран обидот за отфрлање на договорот со Иран


Демократите во американскиот Сенат по втор пат ја блокираа легислативата со која се поткопува нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Републиканците инсистираат на резолуција за отфрлање на договорот чија цел е ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции врз Техеран. Во вчерашното гласање, републиканците повторно не успеаа да соберат 60 гласови од стоте сенатори, неопходни за да им помине резолуцијата. Сепак тие најавија дека на 17 септември ќе побараат уште изјаснување за нивната резолуција.

XS
SM
MD
LG