Достапни линкови

logo-print

Закажан итен министерски состанок на ЕУ за мигрантите


Министрите за внатрешни работи на Европската унија на 22 овој месец на итен состанок ќе расправаат за начините како да се реши кризата со мигрантите и бегалците. Тогаш тие ќе ги продолжат и разговорите за планот за релоцирање на 120 илјади луѓе кои бараат азил во рамките на Унијата. До овој состанок доаѓа откако тие претходно не успеаа да постигнат согласност за планот за релокација што го предложи Европската комисија. Неколку земји, како Чешка, Словачка и Унгарија се против овој план.

XS
SM
MD
LG