Достапни линкови

logo-print

Путин отворен за средба со Обама


n

n

Официјална Москва соопшти дека претседателот Владимир Путин е отворен за средба со американскиот претседател Барак Обама кога овој месец ќе престојува во Њујорк на годинашното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. „Претседателот Путин секогаш е отворен за дијалог, посебно со неговиот колега претседателот Обама“ изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков. Сепак, како што додаде, засега не е најавена таква средба. „Секако дека има можност двајцата лидери да се сретнат, бидејќи тие во исто време ќе бидат во Њујорк“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст. Обама и Путин последен пат се сретнаа во ноември минатата година на економски форум во Пекинг.

XS
SM
MD
LG