Достапни линкови

logo-print

Србија не може да се справи со мигрантите вратени од Унгарија


Србија соопшти дека не може да се справи со илјадниците мигранти кои пристигнуваат на границата која е затворена од страна на Унгарија и побара од Европската унија да ја режи мигрантската криза. Унгарија претходно соопшти дека сите мигранти на кои ќе им биде одбиено барањето за азил ќе бидат враќани во Србија. „Идејата за враќање на мигрантите во Србија, како и пристигнувањето нови од Грција и Македонија е неприфатливо, бидејќи во таков случај ние ќе станеме центар каде што ќе доаѓаат сите мигранти“, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по разговорите во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек. „Низ Србија минаа 140 илјади мигранти, но само 550 аплицираа за азил во нашата земја. Сите други сакаат да одат во западна Европа“, додаде Дачиќ.

XS
SM
MD
LG