Достапни линкови

Советот ја избра Јанева за специјален јавен обвинител


Пратениците во Собранието на Македонија синоќа го утврдија предлогот Катица Јанева да биде специјален обвинител за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. За предлогот, за кој претходно позитивно се изјасни и собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, гласаа 108 пратеници, без воздржани и против. Предлогот Катица Јанева да биде избрана за специјален обвинител беше доставен до Советот на јавни обвинители, кој формално ја избера на новата функција. Претходно, Собранието со 111 гласа „за“ го донесе Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани со овие случаи.

XS
SM
MD
LG